top of page
Wheat Field

Биографија

Emilija.jpg

Емилија Златкова Анастасова е родена 1982 година во Кочани. Од петтата година живеела во Пробиштип, каде завршува основно и средно училиште. Завршува македонска книжевност и македонски јазик на факултетот „Блаже Конески“ во Скопје. Моментално живее и твори, во Велес.

Учествувала на многу литературни конкурси во земјата и странство, каде се здобила со многу државни и меѓународни награди и признанија. 

Од 2014 до 2020 година активно се занимава со аматерски театар, период, кога пишувала најмногу драмски текстови, кои ги режирала и поставувала на сцена со глумци-аматери.

Од 2020 година се враќа активно на пишувањето и објавувањето книги.
Автор е на книгите:

„Волшебното Синџирче“ - 2000 г. (роман за деца и млади);

 „Нов Ден, Нова Песна“ - 2003г. (поезија);

 „Поглед Кон Невидливото“ 2020 г. (збирка драми);
„Близнаци“ 2020 г. (прв роман за возрасни);

„Детето во снегот“ 2020 г. (раскази);

„Неверство“ 2021г. (роман).

„Каде е Емили?“ 2021 г. (роман)

© 2020 by Emilija Zlatkova Anastasova. 

bottom of page